Досегашното владеење на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека тие работат на штета на граѓаните и исклучиво во интерес на Никола Груевски, реагираат од СДСМ на објавувањето на кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со кандидирање осудени и осомничени лица и личности што работеле во личен и во интерес на партијата, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека не работи за доброто на граѓаните, туку единствено за криминално богатење на Груевски и раководството. Кандидирањето на актуелниот крадоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, осуден бидејќи работел на штета на општината, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се извлече од стегите на Груевски и неговите криминални соработници. Пресудата за Ристески пресудата за изборен поткуп против градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, како и поведеното обвинение против Владимир Талевски, градоначалникот на Битола, кој се товари за криминал тежок 360.000 евра народни пари, се само мал доказ за незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека на претстојните избори тие се апсолутен фаворит и граѓаните ќе изберат нова локална власт која ќе работи чесно и домаќински.