Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на историската грешка на ЕУ, затоа граѓаните ќе ги казнат на 12-ти април, велат од СДСМ.
„Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ.
Се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават е блокада на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.
Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ, а Мицкоски не може да побегне од кажаното и ја манипулира јавноста со лажни, бесмислени обвинувања.
Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.
Граѓаните тоа нема да го дозволат и на 12 април уште еднаш ќе го поразат нивното деструктивно однесување и ќе потврдат дека државата е на прав пат“, додаваат од владејачката партија.