Инспекциски увид во ОХИС, се излеала вода при чистење на цистерна

by Фокус

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина, како и екипа на Минисерството за внатрешни работи, вршат увид во кругот на ОХИС, каде се случило излевање на вода со која била чистена цистерна со претходно складиран метил акрилат мономер.

– Откако е испразнета цистерната, фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината – истакнува за МИА инспектор кој е на терен.

Инаку, инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрово почувствувале миризба во околината на фабриката.

Поврзани новости