395
Приведувањето на Сашо Мијалков на белградскиот аеродром, откако во неговата торба му бил пронајден пиштол, е нов во серијата скандали поврзани со неговото име, од коишто последен беше со дипломатскиот пасош, реагираат од СДСМ.
„Како Мијалков успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје? Кој дозволил Мијалков да помине без да биде проверено што носи? Кој ќе преземе одговорност што непријавен пиштол бил дозволен во авион? Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај? – прашаа социјалдемократите.
Според најголемата опозициска партија, овој настан уште еднаш ја потврдува потребата од темелна реконструкција на државниот систем и институциите во земјава.