До една година затвор за преминување на граница со оружје без пропишана дозвола

by Фокус

Законот за оружјето предвидува прекршочна санкција од 500 до 1.000 евра за преминување на државна граница со оружје, ако патникот што го поседува регуларно не го пријави кај полициските службеници, меѓутоа Законот за кривична постапка отвора можност и за кривична одговорност во ваква ситуација.

Имено, став 1 од член 402 од Кривичниот законик, кој го регулира недозволеното преминување на државната граница, гласи:„Тој што без пропишана дозвола ќе ја премине или ќе се обиде да ја премине границата на РМ вооружен или со употреба на насилство, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.

Дилемите за одговорноста за преминување на граница со пиштол се отворија откако поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше приведен на белградскиот аеродром, бидејќи во неговата торба бил пронајден оружје.

Мијалков реагираше дека станува збор за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола, но остане нејасно дали поседувал и одобрение за пренос на оружјето надвор од државата, кое, доколку се добие, мора да се искористи во рок од 6 месеци?

Исто така, нејасно е како се случило граничната полиција да не го детектира пиштолот при ренгентската проверка на неговиот багаж на скопскиот аеродром, кога веќе сам не го пријавил?

Поврзани новости