554
Коалицијата со БЕСА ќе донесе добри политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако ДУИ ја нарече непринципиелна, оваа предизборна коалиција.
-Сосема е легитимно ДУИ да има политички став околу коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА, но ве убедувам дека таа не е на непринципиелна основа, туку дека ќе биде изградена на политики коишто ќе донесат подобар живот за граѓаните и подобри услови за работење и бизнис во оваа држава, рече Кирил Колемишевски од СДСМ.
Портпаролот на ДУИ пак, Бујар Османи на прес конференција рече дека засега е рано да кажат со кого ќе коалицираат и за тоа ќе донесат одлука по изборите. Сепак и ДУИ и СДСМ не ја исклучуваат можноста за постизборна коалиција.