СДСМ: Кирил Божиновски пушта 225.000 евра, а Јанкулоска признава дека цел врв на МВР е во Куманово за изборите

by Фокус

Претседателот на Општинскиот одбор во Куманово, Мартин Костовски денеска објави и аудио-снимки меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на партијата Кирил Божиновски. Тие се договараат да дадат пари во кеш, а Божиновски и објаснува на првата полицајка дека тој пуштил 225.000 евра.

Во вториот сет разговори, што ги објави опозицискиот СДСМ е телефонскиот разговор меѓу Јанкулоска и вицепремиерот Владимир Пешевски, каде што договараат како да ги спречат возилата на СДСМ и да ги испратат на вонреден технички преглед, а во истиот разговор може да се слушне дека МВР работи за ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние имаме многу поефикасни методи од овие. Во секоја општина се прави тоа и го правиме многу поорганизирано од комуњарите. Цел врв на МВР е во Куманово – тврди Јанкулоска во објавениот телефонски разговор.

Поврзани новости