СДСМ ќе отвори пунктови за собирање на помош за поплавените подрачја

by Fokus

Од најголемата опозициска партија СДСМ испратија соопштение во кое информираат дека ќе отворат  пунктови за собирање на хуманитарна помош за настраданите семејства (вода, конзервирана храна, средства за хигиена и други неопходни средства).

Сите општински организации на СДСМ ќе бидат отворени за соработка и преку надлежните институции заедно да им помогнеме на настраданите.

– Во овие тешки моменти апелираме на граѓанска солидарност и взаемна помош за справување со тешките последици и санирање на штетите – се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости