-Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна Влада, реагира СДСМ на почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино.
Од партијата наведуваат дека најавениот нов гасовод, нелогично го одминува ТЕЦ Неготино, што ја потврдува негрижата на државата кон оваа термоелектрана.
-Појавувањето на граѓанинот Груевски на најавениот почеток на изградба на магистрален гасовод Штип-Неготино е соочување на поранешниот премиер со фактот дека тој, Никола Груевски, ја остави државата без гасоводен систем. Огромните разлики во цена, за овој најавен гасовод во споредба со почнатиот што никако да се доврши, Клечовце – Штип поврзан со вртоглави провизии од 55 милиони евра само ги потврдуваат сомнежите за корупција- стои во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ велат дека во својата програма како приоритети го имаат и овој термо енергетски капацитет и гасот.