СДСМ: Ќе ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните и државата ќе добие спикер и влада

by Фокус

 

Парламентарното мнозинство постапува мудро поради неразумноста на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, но Република Македонија наскоро ќе го добие новиот собраниски претседател и новата реформска Влада, уште еднаш најавија од СДСМ.

„Мнозинството нема да дозволи насилството на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрози граѓаните и државата. Ги знаеме своите обврски и скоро ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните, во разумен момент што ќе процениме дека нема да нанесе штети врз граѓаните и државата“, соопштија социјалдемократите.

Тие додаваат дека граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите, за промени и заедништво.

Поврзани новости