Гевгелискиот референудум за рудниците се одвива без проблеми

by Фокус 10:33
10:33

Во општина Гевгелија денеска во 7 часот беа отворени сите 37 избирачки места на кои граѓаните ќе се изјаснуваат по референдумското прашање дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на планината Кожуф.

– Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот – изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија.

- Advertisements -

За да биде успешен реферндумот, на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список. Првичните резултати се очекуваат по 20 часот.

Поврзани новости