Откако во јавноста излегоа фотографии и мининистерот за здравство, Никола Тодоров и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски на една од плажите во Грција, реагираше СДСМ.
-Медиумските курири на Никола Груевски се уште не им посакале пријатен прстој во Грција на министерот Никола Тодоров и градоначалникот Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ. После бројните медиумски хајки што ги водеа, граѓаните прашуваат ќе им посака ли „Курир“ пријатен престој на плажите во Грција на Тодоров и Коневски?Молчат медиумските курири, платени со милионски суми, пари на граѓаните. Фатени се во тесно како лажат и манипулираат во заштита на Никола Груевски, се вели во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека уште еднаш се потврдило дека лажниот патриотизам, медиумските хајки против претставниците на опозицијата и ширењето лаги се параван на криминалните активности на Никола Груевски.