Во 12 часот протест против насилството врз животните

by fokus

Точно напладне на плоштадот Македонија денеска ќе се одржи протест против нехуманиот третман на животните и континуираното убивање и измачување. Протестот е под мотото „Градот хуман пак ќе никне“, а е во организација на Здружението за заштита на животните Анима мунди.

Организаторот постави неколку барања:

-Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, а ветеринарите да бидат казнети за нехумано убивање во стационарот,

-Влез на активистите за заштита на животните во Вардариште како овластено тело за надзор на спроведување на Програмата на град Скопје,

– Отпуштање на дел од вработените во Вардариште препознатливи по нехуманоста кон кучињата

-Прекин на самоволното заловув,ање на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња,

-Забрана за заловување на малите кутриња, кои не се предмет на Програмата,

-Овозможување на граѓаните да си ги повлекуваат локалните миленици од стационарот

-Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици и оние кои се грижат за животните,

-Најстроги казни за инспекторите кои ги надминале законските овластувања,

-Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори  на пријавите од здружението и да одговори на пријавите и да изрече соодветни и казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Поврзани новости