СДСМ ќе го бојкотира Собранието додека Уставниот суд не се изјасни за СЈО

by fokus 14:34
14:34

Пратениците на СДСМ и коалицијата нема да учествуваат во Собранието се додека Уставниот суд не се изјасни за СЈО, изјви лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој појасни дека опозицијата не го напушта Парламентот, туку нема да учествува во неговата работа, оценувајќи го ваквиот чекор како добронамерен.

“Сите политички партии треба да докажат дека ја поддржуваат работата на СЈО. Ова е особено важно по вчерашното срамно обраќање на Ѓорѓе Иванов. Договорот од Пржино не може да се смета за одржлив без почитување на правото. Единствениот излез е можен само преку владеење на правото, и исполнување на условите за фер, слободни и демократски избори”, рече Заев.

Заев истакна дека ќе бара вклученост на граѓаните во преговарачкиот процес и побара да прекине прогонот на граѓаните што протестираат.

“Ако имаат докази дека се спрема граѓанска војна нека ги објават. Тој е должен јавно да ги објави тие докази дека странски разузнавачки служби спремаат војна, а ако не, веднаш нека си поднесе оставка”, рече Заев алудирајќи на вчерашниот говор на Иванов и додаде дека е стравотно тој да ја споменува армијата во овој контекст.

 

Поврзани новости