СДСМ ќе ги преиспитува сите задолжувања кои ги направи ДПМНЕ

by fokus

Граѓаните на Р.Македонија набргу ќе ја добијат новата реформска Влада којашто детално ќе ги преиспита сите задолжувања коишто беа направени на крајно нетранспарентен начин изминативе години, а исто така ќе направи и детална ревизија на сите нетранспарентни трошења на парите од Буџетот на Р.Македонија, најавија денеска од СДСМ.

-Досегашната власт на Никола Груевски го издигна јавниот долг на историски највисоко ниво досега во висина однајмалку 4.7 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година, јавниот долг изнесуваше само 1.8 милијарди евра. Новата реформска Влада транспаретно и отчетно ќе раководи со јавните финансии и граѓаните ќе ги добијат сите потребни информации за нетранспаретните задолжувања и трошења направени изминативе години. За сите евентуални злоупотреби со пари на граѓаните ќе следува одговорност, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости