СДСМ Кавадарци до ВМРО: Вие сте банана партија!

by fokus

Откако денес ВМРО ДПМНЕ Кавадарци излезе со тврдења дека Владата планира да гради бегалски кампови, од кои еден и во Кавадарци, од СДСМ Кавадарци реагираа со остар демант.

-Ова е чиста ЛАГА и ГРУБА МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста и граѓаните на Кавадарци. За жал со однесувањето од последните неколку месеци, ДПМНЕ покажа дека е една несериозна банана партија која без никакви факти, документи и податоци, излегува со прес конференции каде раскажува трачеви, и шири лаги и невистини.
Ние како владеачка партија најодговорно тврдиме дека ниту се планирани, ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија, а особено не во Кавадарци!
Бараме под итно да им се извинат на граѓаните на Кавадарци поради тоа што ги вознемируваат со вакви лажни вести. И уште еднаш најсериозно и најискрено ги советуваме да се фокусираат на реформирање на својата партија од криминалните структури кои изминативе 10 години економски, социјално и културно ја опустошија Македонија.
Бидејќи ако продолжат со ваквото несериозно и трачарско однесување, не само што катастрофално ќе ги изгубат локалните избори, туку ќе станат и маргинална партија на политичката сцена во Македонија, соопштуваат од СДСМ Кавадарци.

 

Поврзани новости