СДСМ: Како се потрошија милионите евра за нова канализациона мрежа во Прилеп?

by Фокус

Опозицискиот СДСМ по вчерашните поројни дождови во Прилеп, денеска се огласи со реакција во која прашува како се потрошени парите наменети за канализационата мрежа во тој град.

– После вчерашните поплави во Прилеп, Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат, како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп? После само еден час интензивен дожд, покрај тоа што Прилеп повторно наликуваше на Венеција, на видело излезе целата неспособност и нестручност во изградбата на канализационата мрежа – се наведува во соопштението од СДСМ.

Од таму бараат одговорност од надлежните во локалната самоуправа.

– Кој ги бираше изведувачите, дали се вршеше надзор над нивната работа, какви пропусти се направени во градежните зафати на терен, се прашања за кои нема да дозволиме да останат неодговорени. За поплавите, штетите по општинскиот и приватниот имот и потенцијалните зарази од истечените фекалии по улиците на градот, како и за сите неправилности во изградбата мора да има морална, законска и политичка одговорност.Проектот пречистителна станиза во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини. Потребна е целосна ревизија на трошењето на средствата од проектот за пречистителната станица и тоа ќе го направиме – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости