Опозициската СДСМ прашува како владејачката партија знае дека пријавите што тие ги поднесоа денеска се неосновани и без правни аргументи, откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција во која го соошти токму овој став.
-СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство, а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето? ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган.
Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е директно поврзано со спрега на релација власт – судство, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.
Од СДСМ додаваат дека целата јавност во Македонија се уверила како Груевски и Мијалков, со неколкумина соработници местат судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, а денеска, ВМРО-ДПМНЕ сето тоа го потврди со нивното соопштение.