СДСМ: Јовановски ветува дека ќе воведе мерка која веќе ја има

by fokus

Од Општинската организација на СДСМ во Центар, прашуваат дали кандидатот на ДПМНЕ за Центар, Дејан Јовановски знае за која општина се кандидираше или пак тој не живее долго време во Центар? Од таму велат дека Јовановски ветува дека ќе воведе мерка која веќе ја има, односно бесплатното паркирање за центарци.

„Уште во јуни 2013-та година жителите на Општина Центар бесплатно го паркираат својот автомобил на целата територија на Општина Центар без временски ограничувања. Повластена паркинг-карта за едно возило без надомест може да си обезбеди секој жител на општината Центар на сите паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Во Капиштец секој жител може да го паркира своето возило на улицата Народен фронт, на монтажниот паркинг што го изгради општината, на паркингот на Васил Ѓоргов, на улиците Козара, Елисие Поповски Марко и на помалите улици во оваа населба“, појаснуваат од СДСМ чиј кандидат, Саша Богдановиќ, е актуелен директор на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар.

Од таму додаваат дека е новина тоа што постојните паркинзи лоцирани непосредно пред станбените згрaди во Капиштец ќе бидат резервирани само за станарите и исклучиво тие ќе може да ги паркираат своите возила на овие означени локации.

 

 

Поврзани новости