Ирена Мулачка од Фокус ја доби првата награда за најдобра сторија

by Fokus 11:44
11:44

Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, го освои првото место на конкурсот за најдобри стории во организација на Советот на етика во медиумите на Македонија.

Наградата е за сторијата со скандалот на скопска гинекологија откако лекари вработени на Клиниката споделија со јавноста дека 80-тина новороденчиња починале за шест месеци во болницата.

- Advertising -

Второто место го освои Никола Здравковиќ од емисијата 360 на телевизија Алсат за сторијата недостаток во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Третото место го делеа Мирјана Јовановиќ Мирчевска од Канал5 телевизија и Марјан Николовски од Сител телевизија.

Новинарите Зоран Јовановски од емисијата 360 на Алсат телевизија и Маја Рангевска од списанието Лице в Лице добија пофалници.

 

Поврзани новости