637
-Јанкулоска ја користи позицијата министер за внатрешни работи за недозволиви сериозни клевети пред припадници на полицијата! Со изнесените тешки обвинувања, без докази, со цел инструментализација на полицијата, Јанкулоска направи уште едно кривично дело, се вели во соопштението на СДСМ по повод говорот на министерката Јанкулоска на прославата на единицата „Тигри“.
Понатаму во рекацијата, СДСМ потсетува дека полицијата е на сите граѓани на Република Македонија и ниту Јанкулоска, ниту Груевски, ниту Мијалков или кој било друг, има право да ја злоупотребува. Опозициската партија повторно побара Гордана Јанкулоска, но и Владата да си поднесат оставка.