Филип Петровски вели дека Заев е очаен во обидот да ја победи Владата

by Фокус

-Зоран Заев е очаен во обидот да ја победи Владата на ВМРО-ДПМНЕ и се обидува да ги навлече во кривично дело и своите соработници, изјави поранешниот пратеник, а сегашен директор на Лотарија на Македонија, Филип Петровски во интервју за емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија.

Петровски вели дека Заев е во состојба на рането животно и сега е најопасен и тоа за неговата околина. Тој смета дека ќе настрада вториот круг на соработници околу Заев, а првиот круг бил заслепен и мислел дека веќе дошле на власт.

-Станува агресивен, неконтролабилен, ќе прави се поголем проблем за луѓето околу него. Ќе настрада вториот круг на соработници. Првиот круг се заслепени, тие мислат дека веќе дошле на власт, не дека ќе дојдат. Ако тие изгубиле контакт со реалноста ние не можеме да им помогнеме, вели Филип Петровски, кој беше дел и од партијата на Љубе Бошковски.

Поврзани новости