ВМРО-ДПМНЕ пироманска со години ја игнорираше состојбата со Противпожарната бригада, денес се вложува и во опрема и во нови пожарникари, велат од СДСМ.
„Состојбата со Противпожарната заштита во Скопје која ја затекнаа СДСМ и градските власти при доаѓањето на власт беше повеќе од очајна како и се друго во државава.
Додека ВМРО-ДПМНЕ криминално трошеше стотици милиони евра на проектот Скопје 2014, Противпожартната бригада се соочуваше со застарена опрема, немање услови за работа и немање на доволен број на пожарникари.
Денес, Градот Скопје вложува во опремување и модернизација на Противпожарната бригада. Минатата година се обезбедија нов симулатор за пламени удари, нов разгласен систем и во целост беа заменети гаражните врати. Набавени се нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли, кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури и ова воедно е само дел од опремата која е потребна за современа пожарникарска бригада.
Истовремено покрај вложувањата во опрема се вложува и во човечки ресурси, па така Бригадата за противпожарна заштита сега е зголемена за нови 20 пожарникари, а предвидени се и дополнителни 50-ина вработувања.
Ако притоа, согласно со европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар е на 1.500 жители, состојбата во Скопје беше е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања се зголемува капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди.
Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од исклучително значење за СДСМ како партија како и за Владата и градската власт кои ги предводи.
Вложувањата во развојот на пожарникарството ќе продолжат и во идниот период. Со секое наредно вложување во техничката опрема и човечките капацитети на противпожарната бригада работиме на создавање услови за поголема безбедност на граѓаните“, велат од владејачката партија.