Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на денешната седница ги констатираше условените оставки на министрите за внатрешни работи и на труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици министри на СДСМ.
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев неколку часа пред почетокот на седницата, до Собранието ги достави новите предлози за министри, според кои, Митко Чавков ќе биде министер за внатрешни работи и Диме Спасов за труд и социјална политика.
Оставки депонираа и тројцата дополнителни заменик-министри од редовите на опозицијата во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество, Кире Наумов, Љупчо Николовски и Александрар Кирацовски, но тие не беа констатирани веднаш, бидејќи спикерот Трајко Вељаноски не закажа нова седница пред распуштањето на парламентот.
Инаку, Вељаноски за денеска ја закажа 101-та собраниска седница по денешната одлука на Уставниот суд да ја преиспита уставноста на самораспуштањето на Парламентот со одложена примена. Уставниот суд донесе и времена мерка за замрзнување на сите изборни активности