Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги од пропагандата и за насилство и веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада, порачуваат од СДСМ.
-Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, за нови работни места, за парите да се вратат кон луѓето, за квалитетно образование и квалитетно здравство, за правда за сите. Ова се очекувањата на граѓаните и ова се приоритетите на новата реформска Влада што е неопходно што побрзо да се формира, за земјата да продолжи да се развива според стратешките интереси кон ЕУ и НАТО. Граѓаните го избраа концептот на заедништво наспроти концептот на поделби на досегашната неодговорна власт на Никола Груевски, се наведува во соопштението.
Затоа, Македонија, како што,нагласува СДСМ, ќе биде едно општество, на еднакви граѓани, во кое што ниту една заедница нема да биде ниту маргинализирана, ниту привилегирана.