Македонија е заробена во кукавичкото гнездо на Иванов!

by lali

Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонија, птицата која е во потрага по својот кафез ја држи Македонија во заложништво, правејќи ја жртва на неговата кукавичност, страв и немоќ да спроведе и почитува Устав.

Тететавејќи се на своите прес конференции каде отворено и дирекно ја нападна меѓународната заедница со говор напишан во партиските простории на партијата која го поддржува, тој не само што изгледа како претседател на една држава, туку изгледа како закачен привезок на клучот што ја држи заклучена вратата за иднината на Македонија. Потенцирајќи и наглсувајќи до меѓународната заедница да не се меша во внатрешната политика на Македонија, за после неколку дена од нив да побара поддршка и помош за истото. Каква политичка биполарност! Во иднина одбивам да го третирам Иванов како небитен, затоа што во минатото, како и во моментот, се покажа дека неговата „важност“ и неговите „одлуки“ се клучни за стабилноста и за иднината на Македонија.

Но, тука нема да изоставам, да не кажам тоа што го мислам за него. Човекот со без име и презиме, по лична карта Ѓорѓе Иванов е најлошото, најлицмерното и најпромашеното политичко суштество што и се случило на Македонија во последниве неколку години (несметајќи го Стевчо од Карпош). И сето тоа треба да се сфати сериозно.

Прво со аболицијата, а сега и со глупирањето за мандатот, Иванов само потврдува дека Македонија е негов заложник, спречувајќи ги обидите да тргнеме напред и конечно да се обидеме да изградиме иднина и просперитет со еднакви шанси за секој граѓанин.  Но, како и со аболицијата, така и овој пат, купувајќи само време и ништо повеќе, се надевам дека одлуката ќе ја промени, не поради мудроста која од него ја бара меѓународната заедница (не можеш да бараш нешто од некој што го нема), туку поради притисокот од нив и македонската јавност. Најмалку што може да направи е да научи од сопствените грешки, а за простено дали ќе му биде, времето ќе покаже, она време кое не ќе може да го купи во иднина.

Поврзани новости