По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата плаќа неколкукратно повеќе за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола, реагираа од СДСМ, истакнувајќи дека ископот на јаглен сега е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола.
„Цената за ископ изнесува 88 денари по гига џул, што е за 40 отсто помалку од претходната цена од 144 денари по гига џул колку што претходно им биле плаќани на „Трансмет“ и бизнис партнерите на Никола Груевски. Наместо да шири лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто за време на нивното владеење, кога со РЕК Битола и ЕЛЕМ раководеа нивни кадри, цената за ископ била толку висока и каде завршувале парите од разликата меѓу реалната и напумпаната цена“, порачаа од СДСМ.
Од таму додаваат дека завршило времето на, како што велат, партизиирање на државните компании кои функционираа како фирми на ВМРО-ДПМНЕ.