Утре почнува судењето против Талевска за затајување на данок

by Фокус

Во скопскиот Кривичен суд утре започнува судењето за предметот Тифани, во чии рамки обвинета е уредничката на Вечер и Сител, Ивона Талевска.

Специјалното јавно обвинителство ја товари Талевска за затајување данок, односно како сопственик на фирмата Смарт центар, со намера да избегне плаќање даноци, давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Според обвинението, таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра и друга облека во вредност од над 30 илјади евра.

Освен овој случај, утре продолжуваат и рочиштата за предметите Триста и Насилство во Општина Центар.

Поврзани новости