СДСМ: Институционално постапување за случајот на Онкологија, без етикетирање на сите доктори и медицински сестри

by Fokus

Од владејачката СДСм велат дека за случајот на Клиниката за онкологија вистинскиот начин е институционално постапување, без сезнационалистичка злоупотреба и без етикетирање на сите доктори и медицински сестри.

-Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување, соопштија утрово од СДСМ.

Според владејачката партија наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда.

-Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период. Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата, соопшти СДСМ.

-СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ВМРО-ДПМНЕ кои освен злоупотреби ништо друго не знаат, соопшти СДСМ.

Поврзани новости