СДСМ и ВМРО го осудија нападот во кафулето „Дамар“

by Фокус

Двете најголеми политички партии го осудија инцидентот во Скопската чаршија, во чии рамки беа повредени неколку луѓето во кафулето „Дамар“.

Опозицискиот СДСМ потсети дека ова не е прв инцидент од ваков тип врз ЛГБТ центарот.

„Минатата година беше нападнато нивното седиште, а МВР и за тој насилнички чин молчеше, иако камерите ги идентификуваа сторителите. Никој нема право да ги загрозува слободите и правата на граѓаните и нивните животни определби. Под власта на ВМРО-ДПМНЕ стана секојдневие загрозувањето на човековите права, а токму нивните политики предизвикуваат за дополнителна омраза, предрасуди и насилство“, соопштија социјалдемокиратите.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека не подржуваат секаков чин на насилство, насилнчко однесување и агресија.

„За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата. Во таа насока апелираме настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и откријат сторителите на овој настан“, повикаа од владејачката партија.

Поврзани новости