Двете најголеми политички партии го осудија инцидентот во Скопската чаршија, во чии рамки беа повредени неколку луѓето во кафулето „Дамар“.
Опозицискиот СДСМ потсети дека ова не е прв инцидент од ваков тип врз ЛГБТ центарот.
„Минатата година беше нападнато нивното седиште, а МВР и за тој насилнички чин молчеше, иако камерите ги идентификуваа сторителите. Никој нема право да ги загрозува слободите и правата на граѓаните и нивните животни определби. Под власта на ВМРО-ДПМНЕ стана секојдневие загрозувањето на човековите права, а токму нивните политики предизвикуваат за дополнителна омраза, предрасуди и насилство“, соопштија социјалдемокиратите.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека не подржуваат секаков чин на насилство, насилнчко однесување и агресија.
„За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата. Во таа насока апелираме настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и откријат сторителите на овој настан“, повикаа од владејачката партија.