СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за долговите на Град Скопје

by Fokus

СДСМ ја обвини неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за долгот на Град Скопје и што тој е донесен пред банкрот. ВМРО-ДПМНЕ пак ја обвини СДСМ дека со гласање на финансиските програми на градоначалничката на Скопхе Данела Арсовска всушност го донеле градот во лоша ссостојба.

Град Скопје, како резултат на  неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, соопшти Социјалдемократскиот сојуз.

„Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра,  ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот. Потрошија над сто милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот“, соопшти СДСМ.

Од оваа партија побараа ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба  да одговори каде се парите.

„Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, соопшти СДСМ.

Претходно во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква власт во Град Скопје и дека не може да одговори на нивното прашање каде се парите.

„Ги повикуваме СДСМ ова прашање да го постават на една од многуте средби со Данела Арсовска, која ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Советот, кога здружно СДСМ, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Арсовска. Со вакви соопштенија СДСМ единствено ја брани неспособноста нја Арсовска. Ако им е непријатно јавно да соопштат, ќе им помогнеме и ќе им ја честитаме јавно коалицијата со Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

 


Поврзани новости