СДСМ и статутарно се ребрендираше, ја усвои црвената боја како боја на партијата

by lali

СДСМ на денешниот Конгрес донесе статутарни измени меѓу кои и усвојување на црвената боја како боја на партијата.

-Конечно, на овој Конгрес, СДСМ впишува црвената боја, како своја боја, тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина. Новиот лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија, посочи Заев.

Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.

-Преку овие измени на Статутот СДСМ станува уште поодговорна, уште поевропска и помодерна партија посветена на реалзиација на мерки и политики што значат подобра иднина за сите. Очекувам дека низ плодна, аргументирана дебата тие ќе бидат усвоени од страна на Конгресот. Би сакал да се заблагодарам на Прогрес Институтот за Социјална Демократија за помагањето на работната група при изготвувањето на статутарните промени, а со тоа и на нашите партнери, Меѓународниот Центар Олоф Палме од Шведска.“заклучи Заев.

Поврзани новости