Претседател на СДСМ ќе се бира на директни избори, ќе може да се кандидира секој кој бил или е член на Централниот одбор со право на глас

by lali

СДСМ победува, но покажува капацитет и одлучност, постојано да се менува, партијата станува се повеќе транспарентна, се поблиска до членството и граѓаните, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина. СДСМ на Конгресот ги усвои променените на Статутот.

-Со новите предлог статутарни сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, уште поголема инклузивност и нова, позитивна трансформација на функционирањето на органите на СДСМ. СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство. За претседател ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во паријтата и најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.
Со предлог измените кои денеска се пред делегатите воведуваме родова еднаквост меѓу мажите и жените, во органите на партијата. За прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас. На сите нивоа, државно, градско и општинско. За првпат, СДСМ ќе добие и Форум на пензионери.

Поврзани новости