535
Социјалдемократскиот сојуз за вечер треба да оддржи седница на Централниот одбор, од кој раководството ќе бара дозвола за објавување за компромитирачките материјали за актуелната власт.
– Очекувам се, секако и во делот на можно апсење кога ќе соопштувам докази, ама подготвени сме кој ќе настапи втор. Ако и него го уапсат, знаеме трет кој настапува. Не можат да ја уапсат цела опозиција – изјави лидерот Зоран Заев во интервјуто за БИРН.
Исто така, и другите партии што се дел од опозицискиот сојуз предводен од социјалдемократите, како НСДП и ЛДП, за викендов имаат закажани седница на Извршниот одбор.