Јавниот долг ќе достигне 40 проценти до крајот на годинава

by Фокус 23:18
23:18

Македонскиот јавен долг ќе се позиционира на 40,1 процент од бруто-домашниот производ, кој пак ќе порасне за 3,5 проценти до крајот на годинава, предвидува Европската комисија во својата најнова зимска економска прогноза. Како најголем причинител за растот на јавниот долг се посочени задолжувањата на државните претпријатија.

Невработеноста ќе биде 28,5 проценти, со што земјава останува на европското дно според бројот на невработени. Сепак, прогнозата на Европската унија е дека овој процент ќе се намалува.

- Advertisements -

Со 3,5 проценти, Македонија и Ирска се земјите што ќе имаат најголем раст на бруто-домашниот производ, а исто така Европската комисија предвидува дека на ниво на ЕУ ниту една земја нема да влезе во рецесија.

 

 

Поврзани новости