СДСМ и коалициските партнери очекуваат Иванов веднаш да го даде мандатот

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателите на коалициските партнери на СДСМ.

-На состанокот сите партнери од коалицијата дадоа поддршка претседателот на СДСМ, Зоран Заев да биде мандатарот за состав на новата Влада на Р.Македонија. Заедничка е оценката дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики согласно Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата Влада. СДСМ и коалициските партнери очекуваат, Ѓорѓе Иванов да даде веднаш мандатот на претседателот Заев за состав на новата Влада, откако се собрани 67-те пратенички потписи со коишто се дава поддршка на претседателот Заев да биде мандатар за состав на идната Влада, соопштуваат од СДСМ.

Оа партијата додаваат дека на средбата со коалициските партнери е констатирано дека на Македонија и е неопходна нова реформска Влада, којашто ќе води реални политики во интерес на реалните потреби на сите граѓани.

 

Поврзани новости