Кривичниот совет оцени дека претресот на домот на Грујевски бил законски

by fokus 14:38
14:38

Кривичниот совет во Скопска единица ја прифатило жалбата на СЈО за претресот во домот на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, пренесува Алсат М. Жалбата Јанева ја подготви откако судија на претходна постапка, Александра Поп Стефанија, оцени дека претресот бил незаконски бидејќи Грујевски во тој момент беше во притвор во Шуто Оризари.

Одлуката на Поп Стефанија Кривичниот суд ја отфрлил и утврдил дека нема ништо спорно во претресот на неговиот дом.

- Advertisements -

СЈО претресот го реализираше за истрагата тврдина каде тој е осомничен за уништување на два система на тајната полиција, од кои преку еден било вршено нелегалното снимање телефонски разговори. СЈО обезбедило докази со претресот кои ќе ја помогнат истрагата кои ќе може да се користат во понатамошната постапка.

Поврзани новости