Екипата на Телевизија 24 повторно на мета на демонстрантите

by fokus

За екипата на Телевизија 24 повторно имаше обид за спречување во своето известување преку туркање и влечење поттикнато од организаторите, на денешните протести на иницијативата “За заедничка Македонија”.

– Не престануваат вознемирувањата и тензијата кон нас како медиум, чиишто акции се производ на самите организатори на овие протести!Престанете да го закрвувате народот, не дозволувајќи ниту една критична и објективна мисла, особено што ги спречувате новинарите и медиумите професионално да си ја вршат својата работа, известувајќи граѓаните за случувањата во оваа земја! – напиша Огнен Јаневски на Фејсбук.

Претходно, репортер на Телевизија 24 беше удрен по главата со јарбол од знаме од страна на демонстрантите. На протестите на иницијативата „За заедничка Македонија” со пцовки и турканици се соочија и новинарските екипи на телевизија Телма. На првите денови од протестите, најлошо поминаа новинарите на А1он, кои беа физички нападнати и завршија на Ургентен центар.

Поврзани новости