Борбата против партизацијата на државните институции и царувањето на непотизмот кои што со децении беа пракса која што ја спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ продолжува, се наведува во соопштението на СДСМ.
-СДСМ заедно со граѓаните работи во насока конечно да се променат работите во нашето општество и се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.
Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа членови на семејствата на претставници на СДСМ.
Тие што ги преполнија државните институции со партиски кадри и роднини, ВМРО-ДПМЕН, молчат.
Наместо да молчи Христијан Хидро Мицкоски да ги повика роднините вработени во државни компании и јавната администрација од морални причини.
Мицкоски да го повика неговиот прв братучед Горан Манасиевски да се повлече од ЕЛЕМ турс.
Граѓаните знаат дека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ а во оваа компанија вработени се и сопругот на неговата лична партиска секретарка но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.
Вистинско олицетворение на хидро непотизмот.
Не изостанува ниту вработувањето на неговата сопруга во гимназијата Орце Николов во Скопје.
Но, вистински пример за класичен непотизам е самиот Мицкоски, уште во времето кога беше асистент на својот татко на Машинскиот факултет.
Христијан Мицкоски време е да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени за време на 11 години расипничко владеење.
Ако Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат борба против непотизмот треба да започнат од своите редови, нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, се вели во партиското соопштение на СДСМ.