Никола Груевски денеска требаше да одговори за милионските трансфери што ги правела Владата, тешки 13 милиони евра, за Сител, Канал 5 и Алфа, за само три години, реагираа денеска од опозициската СДСМ.
-Никола Груевски денеска требаше да одговори што платил на Сител, Алфа и Канал 5 со над 2,6 милиони евра, на ден по трагичниот инцидент во Куманово, кога загинаа полицајци, а стотина луѓе останаа без домови? Денеска Никола Груевски требаше да одговори дали на Кочан, од фамилијата сопственик на фирмата „Трансмет“, или како што самиот Груевски го нарекува „оној што вози Сеат Ибица“ ги скроил сите тендери и плаќања од Платежната агенција во износ од над 700 илјади евра? Со бегањето од овие одговори Никола Груевски го потврди она што јавноста многу добро го знае, се вели во соопштението од СДСМ.