Груевски: Нашиот закон за медиуми е одличен

by Фокус

Нашиот закон е одличен, преферирам тој да остане, но ако опозиција тоа го поставува како услов за излегување на избори, тогаш предлагаме од било која земја да го преземеме законот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, запрашан за тоа кој е неговиот став за предлогот на СДСМ во кој се содржани идеите на олеснувачот Питер Ванхојте.

-Минатото лето потпишавме доброволно договор,сите партии во парламентот го изгласаа законот со кој 24 април е дефиниран како датум на избори. Ние ги чекаме на избори, додаде Груевски.

Инаку, денеска СДСМ достави предлог-закон за медиумите, кој се темели на предлогот на Ванхојте. Поради тоа, средбата на работните групи која требаше да се одржи денеска е одложена за утре, за партиите да имаат време да го разгледаат предлогот.

 

Поврзани новости