Надзорната расправа мора да продолжи со работа, а Груевски, Трајановски и Трајковски мора да се појават на расправата и да се соочат со фактите за сопствената неодговорност, велат денеска од СДСМ.
-Одговори мора да дадат сите институции инволвирани во трагедијата со поплавите во скопско. Порачуваме дека времето за работа на Надзораната комисја можеби е кусо – се ближи распуштањето на Парламентот и на таа карта играат Груевски и соработниците. Но долго е времето во кое што Груевски и неговите послушници ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи. По промените на 11-ти декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за потребите на граѓаните. Сите одговорни за злоделата врз граѓаните, ќе одговараат, се вели во соопштението на СДСМ.