Преку изборни грабежи, купување гласови, закани, уцени, заплашувања, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.Во страв, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично реагира со стари и нереални анкети за да ја продолжи 10 годишната манипулација со граѓаните, на којашто и доаѓа крајот, порача СДСМ реагирајќи на денешни написи во провладини медиуми.
– СДСМ заедно со граѓаните создава услови за одржување на фер, слободни и демократски избори што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните. Изборните грабежи и изборниот криминал, никогаш повеќе да не се повтори во Република Македонија. Нормализацијата на институциите и враќање на контролата кај граѓаните ќе гарантира почитување на законот и уставот. Секој којшто ќе се обиде со закани, уцени, притисоци или на било кој друг начин да влијае на загарантираното право на граѓаните за гласање по слободна волја на изборите, ќе сноси одговорност и последици согласно законот. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го променат јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со стари нереални анкети – истакнаа од СДСМ.