609
Никола Груевски, вчера, преку еден од неговите инструирани експерти, дури отиде чекор понатаму во режимското практикување на власта, токму на денот кога опозицијата покажа единственост за невлегување во Парламентот, поради криминалните избори, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Груевски, преку Ивица Боцевски, се обиде да се закани на опозицијата, дека ќе го употреби Јавното обвинителство ако проработи Парламентот во сенка, што како можност го најавува опозицијата. СДСМ му порачува на Никола Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши. Доколку опозицијата донесе таква одлука, Парламент во сенка ќе функционира, сакал Никола Груевски или не“, се вели во соопштението.