СДСМ: Груевски се препознава во секој осомничен за криминал

by Фокус

Проблемот на Никола Груевски и неговите соработници е што тие се препознаваат во секој за кого постои сомнеж дека е дел од какви било криминални активности, па затоа имаат потреба да наоѓаат поврзаност и таму каде што не постои.

Вака реагираат од СДСМ во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев е поврзан со дел од уапсените во полициската акција против осомничени за производство и трговија со дрога.

„Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот до крај и секој кој работел спротивно на законот да понесе соодветна одговорност. Во Македонија мора да има и ќе има правда“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости