Груевски: Нека му ја мисли тој што оди против народот!

by Фокус

Зоран Заев не отстапува од платформата на албанските партии, бидејќи е фатен жив во криминал, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за телевизијата Канал 5.

-Тој сака да формира влада по секоја цена, тргувајќи со националните и државните интереси, да стане премиер за да може да изврши притисок врз судиите и да не одговара за криминал и корупција – рече Груевски.

Тој додаде дека потезите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат демократски и согласно уставот и законите и најави дека неговата партија наскоро ќе објави документ за надминување и излес од сегашната политичка криза, со тоа што, како што истакна, да се сочува унитарноста на државата и идентитетот на Македонците.

-Нека му ја мислат тие што одат против волјата на народот – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повторувајќи ја поддршката за СДСМ за формирање на влада ако Заев ја отфрли тиранската платформа.

Поврзани новости