-Очајот на ВМРО-ДПМНЕ премина во кукавичлук. Тоа го покажуваат засилените подметнувања и лаги од страна на Груевски по медиумите под негова контрола, откако за целиот свет стана јасно дека тој ја коцка иднината на Македонија. Се плаши Груевски од независен министер за внатрешни работи. Тоа е работата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Од опозициската партија велат дека не станува збор за поделба функционерски места, ниту пак за наводни меѓупартиски договори со албански партии, туку Груевски се обидувал да игра на картата подгревање национални чувства во обид да се спаси себе си.
-Ингеренциите на министрите кои ќе бидат дел од техничката влада се јасно дефинирани во Договорот од 2 јуни/5 јули и јавно достапни за сите, потсетуваат од СДСМ.