СДСМ: Груевски пред заминувањето ги употребува последните фантазии

by Фокус

-Никола Груевски во деновите пред неговото заминување ги употребува последните фантазии. Виртуелните инвестиции, зони од фантазиите во главата на Груевски не се само ливади, туку и ѓубре. Граѓаните знаат дека Груевски излажа за наводни хотели на измамникот Субрата Рој покрај Дојранското езеро и во виртуелниот комплекс Сахариан Македонија во Охрид. Ги излажа и за инвестициите на италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска, реагираат денеска од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека Никола Груевски 10 години ги лажел граѓаните со виртуелни инвестиции и виртуелни работни места, додека во реалноста цветаат тендерите и бизнисите со коишто се богати неговата фамилија.

-На 24 април завршуваат лагите и валканите политики на Груевски и се отвора пат за вистински инвестиции, вистински нови работни места, за економски стабилни граѓани и напредна држава, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости