Инфомацијата дека на Сашо Мијалков му е издаден дипломатски пасош како експерт е скандал, бидејќи тоа значи дека институциите раководени од соработниците на премиерот Никола Груевски влегуваат во сериозна злоупотреба на службената положба, сметаат од СДСМ.
„Министерот за надворешни работи Никола Попоски е должен веднаш да објасни по кој основ МНР дозволило дипломатски пасош за братучедот на Груевски. Каков експерт е Мијалков, која институција го именувала и побарала за него дипломатски пасош, кој се издава на експерт во исклучителен случај со ограничен рок на употреба. Овој потег на министерот за надворешни работи Попоски говори дека Груевски со соработниците подготвува терен за бегство на Мијалков од Македонија“, соопштија социјалдемократите.